Google сака да ги ослободи докторите од папирологија и работи на развој на асистент базиран на AI, кој врз основа на разговорот помеѓу пацентите и докторите би ја запишувал историјата на болеста и терапијата во компјутерот, а докторите би можеле да ја извршуваат само својата работа.
Kога ќе појдеме на доктор, освен преглед на пациентите докторите мора да потрошат доста време и на пополнување на документација. Google сака да им помогне на докторите и да им заштеди време кое потоа ќе можат да им го посветат на пациетните, а решението е вештачката интелигенција..
Уште кон крајот на минатата година Google на својот блог напиша дека неговите експерти почнале да соработуваат со доктори и научници од Стенфорд. Нивната цел била да дознаат дали можат вештачката интелигенција и технологијата, како автоматското препознавање на говорот да се искористат во докторските ординации, односно дали може да преземат дел од нивната работа. Вештачката интелигенција би требало да биде толку напредна да слуша и да го разбира разговорот меѓу пациентот и докторот.
Иако гласовните асистенти и технологијата за препознавање говор многу напреднаа последните години, и понатаму треба да се развиваат затоа што не се толку совршени за да можат да разберат што зборуваат докторот и пациентот и тоа да го запишат. За да го подобрат тој аспект, Google инвестира огромни ресурси. Оттаму најавија ширење на програмата наречена медицински дигитален асистент.
Ова се само мали чекори кон остварување на големиот план на Google со понатамошен развој на технологијата да помогне во побрзо и поточно дијагностицирање на пациентите. Една од идеите е во иднина да се ставаат нано-роботи во крвотокот за да се следи здравјето на луѓето. Во случај тие да забележат некои промени на органите, веднаш ќе ги известат докторите, што ќе помогне за навремено започнување на лекувањето. Ваквото сценарио можеби звучи како научна фантастика, но со оглед на развојот на технологијата и вештачката интелигенција, не е невозможно еден ден навистина да се случи.
Извор: Zimo.hr
The post Вештачката интелигенција на Google ќе им помага на докторите appeared first on USB.mk.