Дуото „Некст тајм“ ќе бидат специјални гости на концертот на Влатко Лозаноски што ќе се одржи на 23 март во ВИП арената „Борис Трајковски“, открија организаторите „Авалон продукција“.
Браќата Стефан и Мартин повеќе од десет години се дел од македонската музичка сцена. На почетокот на кариерата снимаа рок и поп музика, ја претставуваа Македонија на „Евровоизија“, а последниве години направија преработки на традиционални македонски песни „Ја излези Ѓурѓо” и „Слушам кај шумат шумите”, кои имаат милионски прегледи на Јутјуб.
Текстот „Некст тајм“ гости на концертот на Лозано е превземен од Reporter.mk.