Премиерот Зоран Заев беше на одмор на Халкидики, објави грчкото радио „Тесалоники“. Тој е заедно со својата сопруга Зорица, а друштво им првале вицепремиерот Кочо Анѓушев со сопругата.
Како што известува грчкото радио, Заев преноќил во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, а денес се враќа во Македонија. Престојот на Заев во Грција е бил приватен и не се предвидени никакви средби со грчки политичари или функционери.
Фото: thessnews.gr