Боливуд сака да го преработи „Форест Гамп“

Боливудската ѕвезда Амир Хан откри дека ќе глуми во индиската верзија на филмот „Форест Гамп“. Хан ќе ја толкува улогата на Лал Синх Чадха, заснована на ликот на Том Хенкс во оригиналниот филм од 1994 година, кој доби шест Оскари, вклучувајќи ги и тие за најдобар филм, режија и најдобра машка главна улога на Хенкс.

„Отсекогаш сум го сакал ‘Форест Гамп’ како сценарио. Тоа е приказна што го опишува животот. Тоа е прекрасен филм. Тоа е филм за целото семејство“, рекол Хан за медиумите во „Боливуд“. За новата улога, тој ќе ослабне 20 килограми.

„Форест Гамп” го режираше Роберт Земекис и е заснован на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година.

 

Текстот Боливуд сака да го преработи „Форест Гамп“ е превземен од Reporter.mk.