Експертите од лабораторијата MIT Computer Science and Artificial Intelligence развија робот-оригами кој изгледа како овенат цвет, но може да подигне предмети и до 100 пати потешки од неговата тежина.
Даниела Рас, професорка во лабораторијата на MIT, заедно со својата екипа разви прилично необичен, оригами робот. Тоа е всушност роботска рака дизајнирана за собирање на предмети. Овој робот со прилично неконвенционален изглед кој потсетува на овенат цвет, всушност се покажува како многу корисна алатка.
Изработен е од материјали со кои се спречува оштетување на предметите кои може да ги подигне, а под гумената „кожа“ се наоѓа оригами скелет обликуван како ѕвезда. Овој робот може да подигне и до 100 пати поголема тежина од неговата тежина, што е навистина импресивно.
Роботичарите од Computer Science and Artificial Intelligence тврдат дека оригами роботот успешно ќе ги замени роботите направени од метал кои имаат потешкотии со подигањето на неправилните облици. Поради својата еластичност, овој робот без проблем може да подигне предмети со неправилен облик кои лесно можат да се скршат.
Извор: Klix.ba
Текстот Оригами робот изгледа како овенат цвет, но може да подигне 100 пати од својата тежина (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.