(Фото) Адријана Алачки ја израдува внуката

Фолк-пејачката и водителка на емисијата „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки, откри дека денот ѝ е секогаш убав кога е во друштво на својата внука Јана. Таа ја израдува внуката и ја одведе во зоолошката градина во Скопје, а  на „Фејсбук“ објави слика со четиригодишното девојче.

„Таа знае како да ми го направи денот убав“, напиша пејачката под сликата.

Јана е единствената внука на Алачки, а е ќерка на Грациела, која Адријана ја има од бракот со музичарот Горан Алачки. Од тој брак Адријана го има и синот Благоја. Адријана и Горан се разведоа пред неколку години, а Горан неодамна призна дека подолго време е во врска со новинарката и водителка Марина Дојчиновска.

 

Текстот (Фото) Адријана Алачки ја израдува внуката е превземен од Reporter.mk.