Македонскиот пејач Филип Пецовски, кој се натпреварува во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, доби неколку непристојни коментари на сликата со Јелена Карлеуша, што ја објави на својот инстаграм-профил. Фотографијата е споделена по секс-скандалот на фолк-ѕвездата со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, па фановите искоментираа дека и тој сигурно има голи слики од Карлеуша.
„Дај да исплакнеме очи“, стои во еден од коментарите.
21-годишниот Филип првпат се натпреварува во шоуто, а Карлеуша е негов ментор и најголема поддршка од моментот кога тој се појави на сцената на „Гранд“.
„Она што те прави поразличен од обичен шоумен е тоа што убаво пееш и што имаш убава емоција. Тоа е ретко, јас такво нешто никогаш немам видено. Те одбрав тебе, затоа што таков како тебе на балканската сцена не постои. Знаеш дека мислам дека македонскиот јазик е секси“, му рече Јелена на Филип по првиот настап.
Филип веќе ги помина првите два круга, па сега подготвува песни за третиот круг од шоуто.
(Видео) Филип Пецовски пак растури на „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша на нозе
Текстот Филип од „Ѕвездите на Гранд“ доби простачки коментари заради Карлеуша е превземен од Reporter.mk.