Пластичен уред од мек материјал што личи на женски гради, ќе им овозможи на татковците во Јапонија да ги дојат своите бебиња кога мајката нема да може да гоправи тоа, пишува „Дејли меил“. Овој иновативен производ го нуди јапонската фирма „Дентсу“, а се вика „Дојка, помошник за татковци“.
Освен што му дава млеко на бебето, уредот ги регистрира часовите на доење и испраќа информации до смарфонот на таткото. Уредот им помага на бебињата и полесно да заспијат. Бидејќи бебињата обично со рака ја допираат градата на мајката и полесно заспиваат, на истиот принцип е направен и новиот уред за доење – тој е изработен од мек материјал кој им е пријатен на допир за бебињата, па тие имаат чувство дека покрај нив е мајката.
Текстот Татковците во Јапонија ќе можат да ги дојат бебињата е превземен од Reporter.mk.