Британецот Роб Хајсинг (24) е косопственик на синџирот штандови за сладолед „Пан-ен-ајс”, кои се наоѓаат во неколку трговски центри во Лондон и Манчестер. Тој го привлече вниманието со секси начинот на кој го подготвува и служи сладоледот. На социјалните мрежи се споделуваат видеа на кои тој прави сладолед и танцува како да симулира секс во исто време.
„Сладоледот никогаш не бил посекси“, пишуваат на социјалните мрежи.
Видеата што Роб ги споделува на „Твитер“ имаат по неколку милиони прегледи. „Видеото е за сите убави дами“, вели Роб и повторува дека „сладоледот ги прави мажите секси“.
— burner1 (@burner123129) March 9, 2019
Приказната за сладоледите на Роб ја пренесе и „Дејли меил“. Едни го обожаваат, а други сметаат дека претерува со обидите да шармира. Многу жени го сакаат, ама мажите постојано му наоѓаат мани, пишува бротанскиот весник.
Текстот (Видео) Сладоледџија симулира секс додека прави сладолед е превземен од Reporter.mk.