Најголемиот проект во Европа, изградбата на најдолгиот подводен железнички тунел во светот, кој ќе ги поврзува финската и естонската престолнина, ќе чини неверојатни 15 милијарди евра.
Кинеската компанија „Тачстоун Капитал Партнерс“ ќе ја финансира изградбата на целиот проект.
Планираниот тунел меѓу Хелсинки и Талин ќе се протега на повеќе од 100 километри и подразбира изградба на барем еден вештачки остров, што го прави еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа.
Владите на Финска и Естонија изјавија дека ќе работат на обезбедување средства од Европската унија за тунелот, што би можело да ја намали потребната количина на приватно финансирање.
Меѓутоа, иако изградбата на тунелот се уште не е ни започната, билетите за возење со овој воз веќе во декември минатата година беа пуштени во продажба. Така, цената за еднонасочен билет изнесува 50 евра, додека годишните карти се продаваат за илјада евра.
Според проценките, изградбата би требало да започне во 2024 година.
Текстот Најдолгиот подводен железнички тунел ќе ги поврзе Хелсинки и Талин (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.