(Галерија) Принцот Чарлс во цветни шорцеви на плажа на Барбадос

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила се на одмор на Барбадос, пишува британски „Дејли меил“. Весникот објави неколку фотографии од плажа, на кои британскиот престолонаследник е облечен во цветни шорцеви, а Камила носи едноделен тегет костум за капење. Откако медиумите ги објавија сликите од плажа, Британците коментираат дека нивнте идни крал и кралица изгледаат одлично за годините. Принцот Чарлс неодамна наполни 72 години.

„Принцот од Велс и војвотката од Корнвел се на 12-дневна турнеја на Карибите, но во овој период имаат само неколку кралски активности, а останатото време ќе одмораат“, стои во соопштението на Бакингамската палата. За време на одморот тие ќе посетат неколку карипски острови.

 

Текстот (Галерија) Принцот Чарлс во цветни шорцеви на плажа на Барбадос е превземен од Reporter.mk.