Српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ во интервју откри дека додека била во затвор во 2003 година нејзините деца мислеле дека е на турнеја во Америка. Цеца беше уапсена во акцијата „Сабја“ а на 17 март, и осудена на затворска казна.
„Тогаш само мислев на моите деца. Моите родители успеаја да ги чуваат подалеку од медиумите за да не читаат што се пишува за мене. И неколку години подоцна Вељко и Анастасија мислеа дека тие 121 ден во затвор јас бев на турнеја во Америка“, рекла Цеца.
Пејачката беше ослободена по три месеци, но вели дека деновите во затвор биле едни од најтешките во нејзиниот живот.
„Триесет дена бев сосема сама, без право на посета, адвокати и сонце. Друштво ми правеа бубашвабите, во ќелијата имаше кревет, маса и клупа. Кога влегов, на ѕидовите беа испишани мои песни. Си помислив ‘Боже каква иронија’,“ рекла Цеца.
Во интервјуто Цеца раскажала и за својата прва ноќ во затворот. Вели, цело време плачела и не можела да заспие. По еден месец во ќелијата донеле уште една жена, па Цеца имала некого со кого може да разговара.
„Ми беше многу полесно, можев со некосо да зборувам и да плачам. И затворот е за луѓе. Тоа што го преживеав е реалност, така е како што е“, раскажала пејачката.
Текстот Бубашваби шетаа во ќелијата, а на ѕидовите беа испишани моите песни – Цеца за деновите во затвор е превземен од Reporter.mk.