Научниците од југозападната кинеска провинција Јинан го клонираа, како што велат, „Шерлок Холмс меѓу полициските кучиња трагачи”, во рамки на програмата чија цел е да се скрати времето за обука и да се намалат трошоците за обука на полициските кучиња трагачи, објавија државните медиуми.
Песот трагач, наречен Кунксун, беше клониран во соработка меѓу компанијата Sinogene Biotechnology од Пекинг и Агрономскиот универзитет во Јинан и со поддршка на Министерството за јавна безбедност, според државниот весник „Глобал тајмс“.
Од управата на Sinogene велат дека се надеваат дека на овој начин значително ќе се намали времето за обука на кучињата трагачи. Според нивните информации, клоновите на вештите и обучени воени и полициски кучиња се обучуваат многу полесно отколку обичните кучиња.
„Глобал тајмс“ пишува дека Кунксун ќе стане полноправно полициско куче кога ќе наврши 10 месеци.
Обуката обично трае околу пет години и чини 500.000 јуани, или околу 75.000 американски долари, и не постои гаранција дека таа ќе биде успешна, велат експертите за обука на животни од Универзитетот за агрономија во Јунан.
Првото куче беше клонирано во 2005 година од страна на јужнокорејски научници, а две години подоцна оваа земја почна да ги ангажира клонираните ретривери на кои задача им е да ја надушкаат дрогата на царинските премини.
Текстот Кинезите клонираа полициско куче трагач за да го намалат времето за обука е превземен од USB.mk.