Семејството на Шабан Шаулиќ ќе го тужи турскиот државјанин Алсин Левант, кој го предизвика судирот во кој загина пејачот во Германија, пишува „Ало“. Според српските медиуми, семејството сака Турчинот, кој возел пијан и без возачка дозвола автомобил што не бил негов, да добие најголема казна. Тие ќе бараат отштета за претрпена болка поради загуба на член од семејството.
Семејството на Шабан може да добие повеќе од 300 000 евра, колку што пејачот би заработил од дваесетте договорени настапи во 2019 година.
„Иако германската полиција и обвинителството по службена должност го гонат Левант, семејството не сака да чека и седи со скрстени раце. Во моментов тие се консултираат каква казна може да добие тој, односно колку години ќе помине во затвор. Тие првенствено сакаат да го направат ова за Турчинот веќе никогаш да не предизвика таква трагедија“, објави магазинот „Старс“.
„Бидејќи семејството одлучи од куќата во Шабац да направат музеј во Шабац, парите ќе ги вложат во зачувување на споменот за пејачот”, стои во текстот.
Текстот Семејството на Шабан Шаулиќ бара 300 000 евра отштета за нанесена душевна болка е превземен од Reporter.mk.