Џесика Симпсон третпат стана мајка

Пејачката Џесика Симпсон третпат стана мајка. Таа роди девојче кое ќе се вика Бирди Меј Џонсон. Џесика самата откри дека се породила на 19 март, па сподели слика од бебето на „Инстаграм“ и напиша дека таа има 4,9 килограми.

Џесика често споделуваше слики од нејзината бременост на социјалните мрежи и се жалеше на отоци, задржување вода во стапалата, но и на тоа колку е голен нејзиниот стомак пред породувањето.

39-годишната Симпсон и нејзиниот сопруг Ерик Џонсон ги имаат и ќерката Максвел Дру Џонсон и синот Ејс Нут Џонсон. Двојката е во брак од 2014 година. Џесика претходно беше мажена за пејачот Ник Лашеј.

 

Текстот Џесика Симпсон третпат стана мајка е превземен од Reporter.mk.