Македонскиот пливач Марио Мицковски освои уште едно злато на Олимпијадата за лица со попреченост што се одржува во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Тој беше најбрз во дисциплината 25 метри грбно. Ова е второ злато за Марио на Специјалната олимпијада. Тој претходно освои злато и на 50 метри слободен стил.
Медали на Специјалната олимпијада освоија и Стефан Трпковски во дисциплината пливање на 50 метри слободен стил, македонската кошаркарска репрезентација освои бронза, а во атлетика медали освоија Адријан Шабан и Сара Дураку.
Специјалните летни олимписки игри Абу Даби 2019 се одржуваат од 14 до 21 март. На Олимпијадата има пријавени над 7 000 учесници од 190 земји, а ќе се натпреваруваат во 24 спортови.
Текстот Второ злато за македонскиот пливач на Специјалната олимпијада во Абу Даби е превземен од Reporter.mk.