Приватна јапонска ракета експлодира по полетувањето (ВИДЕО)

Ракета која ја произведе јапонската старт ап компанија, која требаше да одлета во вселената 100 километри, експлодира по само неколку секунди по лансирањето. При тоа никој не еповреден.

Ракетата МОМО-2, која ја разви компанијата”Interstellar Tehnologies” лансирана е утрово во градот Таики на јапонскиот остров Хокаидо. пренесе АП.

На телевизиските снимки се гледа ракетата, долга 10 метри, како паѓа на земјата штом ќе полета од платформата, а веднаш потоа се запалува.

Претседателот на јапонската компанија Такахиро Онагава, рече дека верува оти ракетата имала дефект на главниот мотор. Инаку, денешниот инцидент е втор од ваков вид откако ракета од оваа компанија прв пат беше лансирана минатиот јули.

The post Приватна јапонска ракета експлодира по полетувањето (ВИДЕО) appeared first on USB.mk.