Неделен хороскоп од 25 до 31 март

Овен

На полето на работата, често ќе ви доаѓа да го срушите сето она што сте го правеле со години, но за среќа некој ќе ве спречи во таквата лудост. Размислете дали вреди сето тоа. На полето на љубовта, можен е брак за оние кои се во долги врски. Здравјето е добро.

Бик

Ви пречат импулсивните реакции на колегите. Сакате да напредувате, а не трпите некој да ви стои на патот. Пронајдете решение за тоа. Прекин на љубовта. Свесни сте за тоа. Уморни сте.

Близнаци

Супер ви оди на работа, но се чувствувате како да имате тешка позиција. Време е да се вложите повеќе. Одалеченоста од партнерот ви паѓа тешко. Спијте повеќе.

Рак

Работата нема да ви биде лесна оваа седмица. Сакате да се опуштите, но нема да имате можност за тоа. Направете добар план. Ви годи самотијата, уживате сами засега. Добро се чувствувате.

Лав

Ви годат многу работи, но наглите потези не ви одат во корист. Би менувале многу работи, но не знаете од каде да почнете. Заљубени сте, но се двоумите околу тоа. Добро се чувствувате.

Девица

Фокусирани сте и посветени на работата и оваа недела. Средбата со партнерот ви дава позитивна енергија.  Можна е несоница.

Вага

На работа, имате свој ритам кој не сакате да го менувате. Во љубовта, чувствувате како да се наоѓате во магичен круг. Ништо не се решава, само работите дополнително се комплицираат. Ви недостасуваат витамини.

Скорпија

Се е добро додека имате поддршка од соработниците. Оваа недела хонорарот е подобар од вообичаено. Во љубовта се соочувате со мал хаос. Внимавајте во сообраќајот.

Стрелец

Вашата енергичност и организираност стапуваат на сцена оваа недела. Имате план и знаете каде одите. Никој не ви може ништо. Во љубовта мала стагнација и затишје пред бура. Здравјето е добро.

Јарец

Кога би можеле, би работеле 24 часа. Морате да најдете време за семејството и пријателите.  Партнерот ви дава поддршка, но често не ве разбира. Можна е мачнина.

Водолија

Оваа недела ве очекуваат многу обврски. Размислувате за тоа дали сте прифатиле премногу. Сега е доцна за откажување. Една личност ви го краде погледот. Вашите мисли се насочени кон неа. Вежбајте.

Риби

Работата не ви паѓа тешко, но ве нервираат колегите. Убаво се ускладувате со партнерот и обврските. Здравјето е добро.

Текстот Неделен хороскоп од 25 до 31 март е превземен од Reporter.mk.