Дуото „Некс Тајм“ вчеравечер во преполниот Драмски театар Карпош ја промовираa најновата песна „Нешто ќе те питам бабо“. По две години браќата Мартин и Стефан повторно снимија преработка на стара традиционална македонска песна. Предходно тоа беа преработките на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“.
На промоцијата браќата Стефан и Мартин се заблагодарија на публиката која дојде да ги слушне, а по промоцијата на песната, во целата сала ечеше името Македонија. Всушност и браќата, кога ја најавуваа песната , кажаа дека “не е за нив, туку за мајка Македонија’.
Меѓу гостите, покрај фановите, беа и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, како и симпатизери на партијата. Ги видовме режисерот Борис Дамовски, поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, водителот Јанко од „Јади бурек“. Поддршка им дадоа и пејачот Влатко Лозановски, членот на групата „Меморија“, Перо Камиказа, ракометарот Столе Стоилов, пејачката Магдалена Цветковска и многу други.
„Оваа песна за разлика од претходните две доаѓа од источниот дел на Македонија. „Излези ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, се песни кои што извираат од западниот дел на Македонија. Сите песни ни се подеднакво убави, но секој пат се трудиме да бидеме подобри од претходно. Среќни сме што и оваа година успеавме да ја наполниме салата, а што се однесува до политичките лица, тие пристигнаа на своја волја. Ние ова го правиме за аплаузот на публиката, за ништо повеќе. Публиката е таа која што сакаме на крајот да ја направиме горда. Ова не го правиме за нас, ова го правиме за нашата мајка Македонија!“, рекоа Мартин и Стефан вчера на промоцијата. Спотот се снимал на неколку локации на Шар Планина. Браќата најавија и нов албум.
Текст и фото: Љ. Владимиров
Текстот (Галерија) Цело ВМРО на промоција кај „Некст Тајм“ е превземен од Reporter.mk.