По 20 години пронајдена украдена слика на Пикасо

Холандскиот детектив Артур Бранд пронајде слика на Пабло Пикасо што пред 20 години била украдена од јахтата на саудиски шеик на југот на Франција, пишува „Франс прес“. Маслото на платно „Портрет Доре Мар“ или „Биста на жената“, кое е насликано 1938 година, се проценува на 25 милиони евра.

Банд, кого колекционерите го нарекуваат Индијана Џонс, сликата ја пронашол по четиригодишна истрага.

Украдената слика  неименуван бизнисмен неодамна ја однел во една осигурителна куќа. Тој рекол дека сликата ја имал неколку години, ама дека не знаел дека станува збор за украдено дело од Пикасо.

Текстот По 20 години пронајдена украдена слика на Пикасо е превземен од Reporter.mk.