После три години осамено патување низ сончевиот систем, Јапонскиот вселенски робот Хајабуца 2 пристигна на астероидот Рајугу на кој што ќе оперира во наредните 18 месеци.
Јапонската Агенција за Истражување на Вселената на 27 Јуни потврди дека Хајабуца 2 астероидот е широк еден километар. Рајугу кружи околу сонцето на орбита што се наоѓа помеѓу Земјата и Марс. Леталото моментално лебди на 20 километри над астероидот.
Во следните неколку месеци роботот три пати ќе слета на астероидот за да земе примероци како и да достави четири помали роботи кои што ќе ја истражуваат површината на Рајугу.
Хајабуца 2 ќе се врати на земјата заедно со примероците на крајот од 2020та година, овој робот е сличен на оргиналниот Хајабуца кој во 2010 донеси примероци од друг астероид.
Научниците очекуваат дека со анализата на примероците ќе се добијат нови сознанија за почетокот на сончевиот систем и почетоците на животот на нашата планета.
Примероците се очекува да потврдат дали астероидите со себе носат едноставна форма на шеќер наречена рибоз. Овој тип на шеќер е основен хемииски компонент во клетките на секое живо суштество на Земјата. Ако е тоа така, тогаш се зголемува можноста дека ова соединение е дојдено на Земјата од далечниот космос, отколку теоријата дека се има формирано овде.
The post Јапонското летало Хајабуца 2 пристигна на астероидот Рајугу appeared first on USB.mk.