Сите реки, потоци и извори на планетата заедно покриваат поголема површина од Американската држава Тексас.
Според новите пресметки базирани на глобални сателитски снимки, слатко водните површини на Земјата зафаќаат површина од околу 773,000 квадратни километри, што е малку повеќе од половина процент од вкупното копно на земјата. Тоа е за 44 проценти повеќе отколку што претходно се мислеше.
Овие податоци се важни за разбирањето на Земјината клима и начинот на кој што таа се променува.
Поголема површина на реки значи поголем контакт помеѓу водата и воздухот, а тоа значи дека реките најверојатно разменуваат повеќе јаглерод диоксид со атмосферата отколку што претходно се претпоставуваше.
The post Реките зафаќаат 44 проценти повеќе на Земјата отколку што претходно се мислеше appeared first on USB.mk.