Европскиот парламент изгласа укинување на поместувањето на стрелките на часовникот

Европа е чекор поблиску до прекин на праксата на поместување на стрелките на часовникот, откако членовите на Европскиот парламент гласаа за укинување на зимското и летно сметање на времето. Сега мора да се пронајде компромис по ова прашање, за секоја држава членка на ЕУ посебно.

Европскиот парламент во вторникот со големо мнозинство изгласа крај на поместувањето на стрелките на часовникот во ЕУ од 2021 година. Според предложениот амандман, земјите кои планираат да да продолжат со летното сметање на времето, треба своите часовници последен пат да ги поместат во неделата во март 2021 година.

Оние кои го преферираат зимското сметање на времето, треба тоа да го направат во последната недела во октомври 2021 година. По денешното гласање, портпаролот на Европскиот парламент, вели дека тие се подготвени за понатамошни преговори со Советот на министри.

Пред донесувањето на одлуката за тоа кое стандардно време ќе се применува, државите членки треба да спроведат јавна дебата на која ќе ги земат во предвид желбите на граѓаните.

Исто така во избирањето на временските зони, ќе бидат земени во предвид и географските фактори и специфичностите на одредени региони, во кои се наоѓаат поедини државни членки.

За спроведувањето на овие Директиви потребна е меѓусебна соработка со државите членки за да на согласен и координиран начин се донесе одлука за предвиденото стандардно сметање на времето.

Потребно е да се воспостави координациски механизам кој ќе се состои од по еден именувам претставник од секоја држава членка и еден претставник од Комисијата.
Во рамки на координацискиот механизам треба да се разгледа и оценката на потенцијалното влијание на одбраното стандардно време на државата членка на функционирањето на внатрешниот пазар.
За да се избегне поместување во сообраќајот, комуникациите и другите сектори, државите членки би требало најдоцна до 1 април 2020 година, да ја известат Комисијата во случај да се решат да го променат своето стандардно време во последната недела во октомври 2021 година“, изјавил хрватскиот пратеник во ЕП Давор Шкрлец.

 

Текстот Европскиот парламент изгласа укинување на поместувањето на стрелките на часовникот е превземен од Reporter.mk.