Австралијанката Никол Кидман со промената на својот имиџ се има подмладено за дваесет години. Актерката ја променила бојата на косата, и сега негува изглед по кој беше препознатлива во периодот на 80-те и 90-те години од минатиот век. Кидман со новата фризура се пофали за време на прошетката низ улиците на Менхетен.
Нејзините обожаватели коментираат дека актерката многу потсетува на ликот кој го глумеше во филмот „Мулен Руж“. Коментираат дека Кидман во новото издание изгледа многу пожешко, за разлика од претходниот стил.
Модните критичари велат дека промената и бил вистински погодок и дека по повеќе од 30 години, Кидман повторно го привлече вниманието со истата фризура од пред две децении. Критичарите велат дека Австралијанката со новиот имиџ сега може да го зарази не само Холивуд, туку и целиот свет.
Текстот (Фото) Никол Кидман си ја врати фризурата од 90-те е превземен од Reporter.mk.