Научниците од Универзитетот во Њукасл, дошле до шокантно открие за време на истражувањето на долината Челенџер Дип во Маријанскиот канал, познати како најдлабоки точки на Земјата.
Тимот прв пат пронашол пластика во стомаците на морските животни на дното на океанот, што значи дека повеќе не постои дел од светските океани, до кој не дошол човечкиот отпад.
Секое суштество пронајдено на длабочина од 10.890 метри, во својот организам внесло бар некој вид на вештачки материјали, вклучувајќи најлон, “PVC” и “PVA”.
Тимот тестирал 90 видови ракови во неколку ултра-длабоки ровови во Пацификот – Маријанскиот канал, Изу-Бонин вулканскиот канал, каналот Перу-Чиле, каналот Нови Хебреди и каналот Кердамек.
“Ѓубрето кое завршува во океаните доаѓа до нивните најдлабоки точки, а еднаш кога ќе потоне на нивното дно, таму и останува. Тоа значи дека количината на пластика во рововите константно расте, што е многу загрижувачко. Станува збор за проблем од глобални размери”, рекол Џејмисон, пренесува Daily Mail.
Според предвидувањата на експертите, во водите има околу 51. милијарда микропластични честички, што е 500 пати повеќе од бројот на ѕвезди во нашата галаксија.
The post Научниците пронајдоа вознемирувачки знаци на дното на океанот (ВИДЕО) appeared first on USB.mk.