Театар Комедија слави седум години постоење

Националната установа ,,Театар Комедија” денес, 27 март, на Светскиот ден на театарот, го слави и својот 7. роденден.
Седмиот роденден е скромен, но богат јубилеј на театарот, кој во текот на изминативе години прикажа 27 премиери, имаше голем број гостувања низ државава и во странство, освојувајќи значајни фестивалски награди, и е театар со најголем број посетители.
На денот на свеченоста Театар Комедија ќе ја прикаже претставата ,,Не сега драга”, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети како донација за Детската клиника Козле.

Текстот Театар Комедија слави седум години постоење е превземен од Reporter.mk.