Пилоти силувале стјуардеси меѓу два лета

Две стјуардеси од американската авио-компанија „Џет-блу“, подигнале тужба против авиокомпанијата и двајцата нејзини пилоти, во која ги обвинуваат дека ги дрогирале, а потоа еден од нив и ги силувал.

Како што наведуваат девојките, пилотите им ставиле дрога во пивото, а претходно едниот од нив ја силувал едната стјуардеса. Настанот се случил во мај 2018 година, додека преноќувале во Порторико за време на еден меѓу лет.

Во обвинението се наведува дека пилотот намерно и пренел сексуално пренослива болест на една од девојките. Медиумите ги прашале одговорните во авиокомпанијата за наводниот случај, од каде добиле одговор дека не можат да коментираат правни постапки, но нагласиле дека таквите обвинувања ги сваќаат многу сериозно.

„Се обидуваме да создадеме чесно работно место за сите наши вработени за да се чувствуваат добредојдени и безбедни. Според нивното сведочење, стјуардесите пилотите ги запознале на плажа. Една од нив ја понудиле со пиво, а според тужбата, тие не можеле да се сетат на специфични моменти од остатокот од вечерта“, стои во соопштението на авиокомпанијата.

Текстот Пилоти силувале стјуардеси меѓу два лета е превземен од Reporter.mk.