Се скрши потпетицата на обвинителката Фатиме Фетаи денеска за време на судењето на Драган Павловиќ – Латас во кривичниот суд во Скопје за предметот за бесправно изградени викендички во Зеленико. Обвинитеклата се најде затечена откако ѝ пукна штиклата, но на време се реагираше, па ѝ донесоа нови потпетици.
„Не знам како ми се случи ова“, рече Фатиме, па откако го облече новиот пар штикли, продолжи со судењето.