Некаде меѓу снимањето на шоу програмите и серијата “Suits”, Меган Маркл, денес војвотка од Сасекс, снимила пилот епизода за контроверзната серија за блудниот живот во Лос Анџелес со име “The Boys and Girls Guide of Getting Down”.
Меган и нејзините колеги Адам Пали и Макс Гринфилд ги толкуваат главните улоги во серијата чија централна тема е секс, дрога и алкохол.
Поради контроверзната природа на серијата, која била осмислена пред шест години, телевизиите и стриминг сервисите не сакале да ги откупат правата за неа.
Актерот Макс Гринфилд при вчерашното гостување во емисијата “The Late Late Show” рекол дека пилотот конечно го добил својот дом и дека ќе се прикажува на телевизијата “Comedy Central”.
“Неодамна добив мејл дека серијата е откупена и дека ќе биде објавена. Претпоставувам дека постои причини зошто баш сега сакаат да ја објават”, рекол Гринфилд.
Текстот (Фото) Меган глуми во серија за секс, наскоро ќе биде објавена е превземен од Reporter.mk.