Откажата првата прошетка на женски пар во вселената, немале соодветни костими

Американската вселенска агенција НАСА ја откажа планираната историска прошетка на две астронаутки во вселената, затоа што немаат соодветни костими во Меѓународната вселенска станица.

На 29 март во вселената Кристина Кох ќе прошета со американскиот колега Ник Хејгман, наместо со колешката Ен Меклејн, како што прво било планирано.

Кох и Меклејн требаше да бидат регистрирани како првиот женски пар, кој ќе го имаше првиот вселенски излет. Од 1998 година, откако е поставена Меѓународната вселенска станица, од ваквите мисии излегувале двојки кои обично се составувале од двајца мажи, или мешано машки-женски пар. Ги имало вкупно 214.

Меклејн минатата недела, додека Хејгам работела надвор од станицата, сватила дека горниот дел од вселенското одело со средна големина М и било посоодветно.

„Со оглед на тоа дека до петок, 29 март, за кога беше предвидена прошетката на женскиот пар астронаутки, успеавме да подготвиме само еден горен дел со големина М, кој ќе го облече Кохова“, објавиле од НАСА.

Вселенските одела кои се на располагање на астронаутите на ИСС, Се состојат од повеќе делови со разни големини, за да што подобро се прилагодат на телото на секој астронаут или астронаутка, објаснува Бранди Дин, портпаролката од вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, базата на американските астронаути.

Бранди додала дека во моментов имаат само по два горни дела на вселенски оддела со големина: М, L и XL.

„Во моментов се обидуваме да ја предвидиме големината на одделата кои ќе бидат потребни на астронаутите, зависно од облеката која ја носат за време на подготовките на Земјата, но, често астронаутите и астронаутките тренираат во оддела со различна големина“, објаснува Бранди, додавајќи дека големината може да се измени, додека астронаутите се во орбитата, како резултат на реакцијата на организмот на микрогравитацијата.

Текстот Откажата првата прошетка на женски пар во вселената, немале соодветни костими е превземен од Reporter.mk.