Том Круз ѝ забрани на Никол Кидман да дојде на свадбата на нивниот син

Глумецот Том Круз ѝ забранил на својата поранешна сопруга Никол Кидман да дојде на венчавката на нивниот заеднички син, Конор. 24-годишниот син Конор ќе се жени со неговата девојка Силвија според обичаите на сциентологијата.

„Ова е одлука на Том, а неговите желби се почитуваат како закон. Тој му се јави на Конор и синот веднаш го послуша, па побара од мајка си да не доаѓа на свадбата“, изјавил пријател на семејството за американските медиуми.

Том, според истиот извор, многу ја сака идната снаа и се радува што син му избрал жена од истата религија.

Според медиумите, Никол со години не е во контакт со Конор и Изабела, децата што ги посвои додека беше во брак со Том. По разводот во 2001 година, старателството над децата го доби актерот, откако децата самите избрале да живеат во Сциентолошката црква заедно со татко им.

Никол не беше гостинка ни на венчавката на ќерката Изабела во 2015 година, кога таа се омажи за Макс Паркер.

Текстот Том Круз ѝ забрани на Никол Кидман да дојде на свадбата на нивниот син е превземен од Reporter.mk.