Жена во Кина родила близнаци од различни татковци, пишуваат кинеските медиуми. По добиените резултатите од ДНК-анализата, таа му признала на сопругот дека го изневерила, иако првично негирала дека била со друг маж, пишува „Страјт хералд“.
Двојката од кинескиот град Ксиамен го пријавила раѓањето на синовите, а за да докажат дека децата се нивни морале да направат тест за татковство. Сопругот се сомневал дека едно од двете момчиња не е негово и по ДНК-анализата мајката на близнаците ја признала вистината.
Близнаци од различни татковци се многу редок, но можен случај. Според една студија, ова е можно во еден од 400 случаи, а според друг – во еден од 13.000 двојки.
Текстот Родила близнаци од различни татковци е превземен од Reporter.mk.