Овен
Април за вас ќе биде фантастичен месец – на повидок се убави вести, прилики кои не треба да се пропуштат и голема среќа во љубовта. Но, за сите овие нешта ќе мора да почекате до втората половина на месецот, поточно до 20 април кога во вашиот знак ќе влезе планетата на љубовта, Венера, и планетата на комуникациите – Меркур, кои заедно ќе ви донесат огромни успеси. Се подготвуваат големи настани во последните 10 дена на април кои пријатно ќе ве изненадат. Април ќе биде поволен месец и за вашето здравје и енергија.
Бик
Планетата Меркур ќе биде во вашиот знак до 20 април, носејќи ви големи можности за успех на работното поле. Ако се борите на работното место за признавање на вашите проекти, сега ќе имате можност за награда на вашите резултати. Очекувајте важен разговор, повик или средба кој значително ќе ве унапреди на деловен план. И на љубовно поле април ќе биде среќен месец – Венера ќе ве поддржува до 20., ќе создава хармонични односи во врската и ќе ја зацврстува. Биковите што се сингл ќе имаат бројни прилики за интересни средби.
Близнаци
Планетата Марс ќе биде во линија со вашиот знак во текот на целиот месец. Тоа значи дека доброто расположение, физичката сила и одличното здравје се загарантирани. Ќе бидете подготвени да направите се што треба и се што сакате. Оваа ваша волја и енергија ќе ви донесе одлични резултати на работа. Не заборавајте дека 2019 година за вас е во знакот на работните успеси и предизвици. Одете смело напред! Во љубовта пак, не е се така убаво – пред вас е период на кавги и недоразбирања. Внимавајте да не донесете избрзани одлуки.
Рак
Април ќе ви почне на најубав можен начин, подобро од очекувањата. Се до 20. април ќе ја имате заштитата од Меркур кој ќе ви помага лесно да ги постигнувате деловните цели. Не се плашете и не се откажувајте поради несигурност ако имете можност за промена. И на љубовен план работите одат напред – до вас ќе имате прекрасна личност која ве разбира и која е подготвена да ви помогне и да ве поддржи. Внимавајте после 20. април зашто следува тензичен период во врската, а последните 10 дена во месецот ќе бидат нервозни.
Лав
Конечно во април ќе може да воздивнете на љубовен план и да се ослободите од тензиите кои ги имавте со партнерот. Ќе успеете да ги надминете недоразбирањата и пред вас е мирен период. Од 20. април вашата врска ќе стане уште посилна и постабилна. Осамените лавови по 20. април може да сметаат на средба со посебна личност. Марс ќе биде поволен и ќе ви донесе добро здравје и позитивна енергија. Последните 10 дена од месецот ќе бидете супер расположени.
Девица
За вас април ќе биде долг и непријатен, особено на љубовен план. До 20. април Венера ќе биде во опозиција и ќе ви создава непријатни случки и тензии со партнерот. Многумина од вас ќе се одлучат да стават крај на тешката љубовна приказна. Ако успеете да издржите до 20. април, можни се позитивни промени во врската и повторно зближување. Сконцентрирајте се на работен план, тука е Меркур да ви даде поддршка да се покажете. Марс е во неповолна позиција, а вие ќе немате доволно волја и енергија за да ги истуркате работите до крај.
Вага
Април ќе биде мирен месец за вас, особено во првиот дел. Ќе добиете впечаток дека се се одвива добро, па ќе имате време и за релаксација. Но, по 20 април ќе ве следат неповолни случувања на работното место, но и на љубовен план. Совет на ѕвездите е да не ги потценувате и да ги игнорирате малите прашања и да не глумите дека не постојат, туку да се соочите со проблемите и да ги решавате. Марс е поволен и ќе ви даде енергија за тоа.
Шкорпија
Април, барем до 20., ќе биде карактеристичен за вашиот знак по опозицијата на Меркур. Тоа значи дека оваа планета во првата половина на месецот ќе ви создава бројни блокади на работен план. Ако имате намера да лансирате нов проект или да направите промена, почекајте до крајот на месецот, зашто до 20. тоа ќе го направите на лош или неуспешен начин. До 20. април се ќе ви биде во фокус на љубовта, а вашата врска ќе станува се посилна и постабилна.
Стрелец
Планетата на љубовта ќе ве стави на тест, исто како како и вашата врска – дали вреди, дали сте еден за друг… Ќе ве мачат бројни сомнежи и вас и партнерот. Извлечете заклучок од оваа криза и размислете добро што навистина сакате. Размислете и дали вашиот партнер е вистинска личност за вас, а ако одговорот е негативен, завршете ја приказната. Од 20. април ќе се врати вашето спокојство. Марс е во опозиција во текот на целиот месец па внимавајте на настинки, замор и психички замор. Обидете се да почнете со спорт, да минувате повеќе време во релаксација или да заминете на кратко патување.
Јарец
Април за вас нема да заврши на најдобар начин. Затоа внимавајте на вашите чекори и не брзајте во одлуките. Се до 20. април ѕвездите ќе ви помагаат да ги надминете сите проблеми, и на емотивен и на деловен план. По ова се одеднаш ќе стане многу потешко. Можни се кавги во врската во последните 10 дена од месецот. Внимавајте да не држите се во себе туку разговарајте со саканите лица. На работен план ќе се појават некои убави прилики на почетокот на месецот, затоа не двоумете се премногу дали да прифатите или не.
Водолија
Април нема за вас да биде баш нежен, а во најголем дел од месецот работите нема да се случуваат онака како што посакувате. Меркур ќе биде во неповолна позиција и ќе ви создава бројни потешкотии на работното место и во комуникациите со блиските. Ако сте во очекување на некој важен одговор, не чекајте го до последната недела на месецот. Последната седмица во месецот ќе биде полна со убави вести, не само на деловен туку и на љубовен план.
Риби
Април за вашиот знак ќе биде месец на љубовта. Со доаѓањето на пролетта ќе се подобрат нештата и во врска, а многу парови ќе се одлучат на брак или проширување на семејството. И на работен план, април ќе ви донесе убави новости, особено во првата половина на месецот. Веројатно ќе запознаете некој кој значително ќе влијае на вашата идна кариера. Единствен недостаток ќе биде неповолната поставеност на Марс поради кој ќе се чувствувате уморни. А внимавајте и на настинки.
Текстот Месечен хороскоп за април е превземен од Reporter.mk.