Винсент Касел поранешниот сопруг на италијанската актерка Моника Белучи, заедно со неговата сопруга манекенката Тина Кунаки, наскоро се очекуваат да го добијат своето прво заедничко дете.
Касел за себе вели дека е среќен човек и дека огромната разлика во години со неговата сегашна партнерка Тина, воопшто не му претставува никаква пречка во врската.
Изминатите денови Тина на социјалните мрежи ги објави своите најнови фотографии од деновите минати во бременоста. Касел од бракот со Моника Белучи има две ќерки.
„Јас сум среќен човек. Едвај чекам да се најдам повторно во улогата на татко“, изјавил Касел.
Двојката се венчаше минатото лето во Франција по двегодишна врска. Касел вели дека кога ја започнале љубовната авантура, Тина имала само 19 години.
Текстот Винсент Касел ќе стане татко е превземен од Reporter.mk.