Сакале да ја обезглават, а единствена сила и била бебето, исповед на заробена новинарка

Германската новинарка Џанин Финдејсен, која со години била заробена во Сирија, во својата книга открива дека се плашела дека киднаперите секој момент би можеле да ја обезглават.

Таа пишува дека на крајот киднаперите решиле да ја посипат со чоколадо и играчки затоа што на тоа место го родила синот. Финдејсен била ослободена во септември 2016 година.

Таа за прв пат проговорила за своите трауми и за тоа како во својот седми месец од бременоста отпатувала во воената зона и како успеала да преживее со своето дете во Сирија.

Се започнало во октомври 2015 година, кога отпатувала во Сирија да сними документарец за својот школски другар Џабат ал Нусри, кој во тоа време му се посветил на џихадот и се приклучил на огранокот на Ал Каеда.

Бременоста воопшто не ја спречило Финдејсен во своите намери и сакала што побрзо да заврши со снимањето за да се врати дома пред породувањето.

„Бев под притисок, токму поради бременоста. Сакав да раскажам уште една приказна пред да заминам на породилно. Не бев свесна дека ја направив најголемата грешка во мојот живот“, изјавила Финдејсен.

На југот во Турција, еден криумчар ја пренел во Сирија, а затоа што Финдејсен само на својот сопруг му кажала каде ќе оди, со себе не земала ниту телефон. Таа не сакала да се чувствува никој одговорен, кога ќе се обидел да ја спречи во нејзината намера.

„Тоа беше моја одлука и моја грешка“, изјавила Финдејсен.

Иако пријателите за кои требало да го сними документарецот и гарантирале дека никој нема да и наштети, сепак новинарката и нејзиниот возач западнале во заседа.

И биле ставени превези околу очите и ја приморале со пиштол на чело да појде со нив во куќа на непозната локација.

„Првата ноќ помислив дека гаранцијата која пријателот ми ја даде, значи дека за брзо време ќе ме ослободат. Но, набрзо сватив дека моите надежи се залудни“, изјавила Финдејсен.

Таа сметала дека нејзиниот пријател не знаел за планот дека припадниците на неговата група киднапираат. На прашањето како била третирана додека била заробена, таа ги пренела непријатните ситуации.

„Имаше многу непријатни ситуации, но сепак добро се држев. Сеедно, беше јасно дека тие не се фини, хумани луѓе. Сакаа да ме обезглават пред камера“, изјавила Финдејсен.

Додека била заробена, Финдејсен водела дневник, а во тајност ги забележувала работите кои би можеле да и помогнат кога ќе се обиде да побегне.

„До самиот крај верував дека ќе се вратам во Германија до пораѓањето. Беше незамисливо да го родам детето во Сирија. Ја игнорирав реалноста, се до оној момент кога повеќе не моежв да го правам тоа“, вели Финдејсен.

 

Киднаперите го уцениле лекарот да ја породи, а породувањето минало без никакви компликации.

„Оддеднаш сè ми стана далечно. Војната, киднаперите, тука бевме само јас и мојот син. Беше така кревок, но здрав“, раскажува Финдејсен и додава дека начинот на кој киднаперите се однесувале кон неа се променил по породувањето.

„Со мало дете бев уште повеќе беспомошна отколку претходно. Кога мојот син се будеше во текот на ноќта и плачеше, наредното утро ќе ме прашаа дали е сè во ред со нас. Ми донесоа чоколадо, мултивитамински сок и мед, а не штедеа ни на пелени. Во Сирија постојат два вида на пелени. Мене ми донесоа од поскапите“, вели Финдејсен.

Таа на крајот била ослободена од друга група исламисти, Џабат Фатех ал Шам, која на интернет објавила дека нејзиното киднапирање е неисламско, затоа што преходно и била дадена гаранција дека никој нема да и наштети. Откако слушнала пукање, околу Финдејсен се собрале мажи, кои и рекле дека ќе ја однесат назад во Германија.

За „Зидојче цајтунг“ таа изјавила дека според нејзините сознанија, Германија не платила околу пет милиони евра, колку што киднаперите барале за нејзиниот откуп.

„Добив втора можност. Не добиваат сите кои се киднапирани во Сирија втора шанса“, изјавила Финдејсен.

Текстот Сакале да ја обезглават, а единствена сила и била бебето, исповед на заробена новинарка е превземен од Reporter.mk.