Шерлот Сејмор мајката на седумгодишното девојче Вајнтер Сејмор од Јокшир, тврди дека косата на нејзината ќерка изгледа како коса на трол кукла, поради редок синдром кој таа го има. Жената вели дека поради ваквата состојба, многу често се соочува со навреди и злобни коментари.
Сејмор има синдром на коса која е невозможно да се исчешла, а за која се смета дека ги погодува само 100 луѓе ширум светот.
„Девојчето е родено со црна густа коса, но оддеднаш почна да и се пребојува во плава нежна коса, поради која делува како пиле“, вели нејзината мајка Шарлот.
Девојчето привлекува внимание каде и да се појави, додека непознати лица редовно и приоѓаат на Шарлот и ја прашуваат што не е во ред со нејзината коса.
Дури ја напаѓаат дека го занемарува детето. Шарлот постојано морала да им објаснува дека девојчето ужива во вниманието кое го добива. Таа објаснува дека долго време не знаела дека нејзината ќерка пати од некаков синдром.
Се обидувала и ги испробала сите можни средства, но немала решение за косата на девојчето. Ништо не и успевало. Го пребарала целиот интернет во потрага по решение.
„Косата и е како луда. Како да се собира и во средината има милиони луди прамени. Навистина не може да се помине со чешел низ неа. За школо само ќе и ја заврзам во реп, за да не се познава премногу“, вели Шарлот.
Текстот Ја осудуваат мајка ѝ затоа што личи на трол кукла, малата Сејмор боледува од редок синдром е превземен од Reporter.mk.