Турнејата на легендарната музичка група „Ролинг стоунс“ ќе биде одложена поради здравствената состојба на Мик Џегер. Пејачот вели дека не се чувствувал добро и дека заедно со неговите колеги едногласно одлучиле да ги одложат настапите кои ги планирале за во САД и Канада. Овие концерти ги најавувале со месеци претходно.
„“Ролинг стоунс“ за жал ќе мораат да ја одложат престоечката турнеја во САД и Канада“, напишал музичкиот состав на својот „Твитер“ налог, со образложение дека лекарите му препорачале на Џегер дека му е неопходно лечење.
Прочуената група не навела од што пејачот боледува, додавајќи дека рок ѕвездата изразил жалење што турнејата поради него ќе биде одложена. Бендот кој многумина го обожваат е основан во 1962 година а во текот на својата кариера има издадено повеќе од 30 студиски албуми.
Текстот Мик Џегер ќе ја одложи турнејата поради нарушено здравје е превземен од Reporter.mk.