Деветнаесетгодишниот Омариан Бенкс е убиен во Атланта во петокот утрото, откако се изгубил и тропнал на погрешна врата во населбата каде живеел.
Според полицијата тинејџерот и неговата девојка неодамна се преселиле во новата куќа во Ритрити, населба која има сопствено обезбедување во Јужна Атланта.
Бенкс ја користел апликацијата „Фејстајм“ додека разговарал со својата девојка. Тогаш тропнал на вратата и се соочил со 32 годишниот Дерил Бајнес, кој го застрелал по кратка расправија.
„Го слушнав како кажа дека му е жал што тропнал на погрешна врата, а тогаш го слушнав Бајнес како го нарекува црнчуга и се слушнаа уште три истрели“, изјавила девојката на Бенкс.
Бајнес вели дека го убил Бенкс во самоодбрана, но полицијата верува дека пукотниците се случиле додека Бенкс се обидувал да побегне.
Текстот (Видео) Го застрелал затоа што му тропнал на врата, инцидент во Атланта е превземен од Reporter.mk.