Паркер Сончевата Сонда на НАСА наскоро ќе тргне на еднн од најголемите предизвици на човекот во истражувањето на вселената. Пробата ќе биде првото вселенско летало што ќе помине низ надворшената атмосфера на Сонцето, короната, која е огромен пламен од плазма загреан на неколку милиони степени Целзиус.
Паркер во наредните седум години ќе заврти околу сонцето десетина пати, поминувајќи на околу 6 милиони километри од површината на оваа ѕвезда, тоа е седум пати поблиску од кое и да било друго летало.
Во последното приближување Паркер ќе помине низ короната на Сонцето со брзина од 700,000 километри на час, ова ќе го направи леталото да биде најбрзиот објект направен од човекот. Тоа значи за да ја помине Македонија од Албанската до Бугарската граница ќе му треба помалку од секунда
Обзервациите што ќе ги направе Паркер се очекува да решат многу мистерии за внатрешноста на Сонцето и како тоа работи
The post Паркер сондата на НАСА цели кон Сонцето appeared first on USB.mk.