Турскиот актер Бариш Ардуч, кој со ликот на дизајнерот Омер Ипликчи од хит-серијата „Изнајмена љубов“ ѝ стана миленик на публиката, е на одмор во Мармарис. Фотографиран е на јахта, а откако фотографиите беа споделени на „Инстаграм“, се јавија неговите обожаватели, кои пишуваат дека актерот малку се поправил.
„Ставил некој килограм, веќе не му се гледаат толку стомачните мускули“, стои во коментарите на неговите фанови. Тој на одмор е со својата девојка Ѓупсе Озај, со која неколку години е во врска, а неодамна беа снимани како се бакнуваат во една дикотека во Мармарис.
По серијата „Изнајмена љубов“, актерот стана еден од најпознатите глумци во Турција. Зимата беше прикажан филмот „Време на среќа“, во кој повторно играше со Елцин Сангу, со која играше и во популарната серија. Од септември започнува да снима нов филм во кој игра со најпознатите актерски имиња во Турција.