Харука Нисимацу, директор на авиокомпанијата „Јапонија ерлајнс“, пред неколку години се соочил со финансиски проблеми на компанијата. Тогаш, наместо да избрка неколку вработени, ја намалил својата плата и се откажал од сите предности што му ги нудела неговата директорска положба. Тој и денес зема плата помала од своите пилоти, а на работа оди со автобус и јаде во заедничката кафетерија со вработените.
Нисимацу своите костими ги купува во продавници со попуст бидејќи смета дека оној директор што носи „Армани“ на работа создава дистанца помеѓу него и неговите вработени.
„Ако имате лошо искуство, не лутете им се на луѓето, туку обвинете го одговорното лице“, рекол Харука.
Тој сака да знае што се случува во авионите, па редовно комуницира со стујардесите и повремено ги средува весниците во авионите. Тој дури и ги урнал ѕидовите од својата канцеларија за секој да има полесен пристап до него.
„Директорот не ги мотивира своите вработени со милионите што ги заработува, туку со тоа што ќе им покаже дека сите се наоѓаат во ист брод“, рекол тој.
Текстот Директор заработува помалку од своите вработени, на работа оди со автобус е превземен од Reporter.mk.