Популарната актерка и пејачка Џенифер Лопез е обвинета за кражба и од неа се бара оштета од 6,5 милиони долари. Пејачката заедно со продукцијата на шоу-програмата World of dens е обвинета од учесничкот Елвин Греј Елиј.
Како што пренесуваат странските медиуми, тој тврди дека идејата ѝ ја пратил на Деби Ален уште во 2009 година, но никогаш не му одговорила, а кога година дена подоцна сакал да го патентира своето шоу, му било кажано дека сличен проект веќе развиваат NBC и Џенифер Лопез.
Само познато е дека, според официјалните информации, Ален не е вклучена во проектот World of dens.
Текстот Џенифер Лопез обвинета за кражба, од пејачката се бараат 6,5 милиони долари е превземен од Reporter.mk.