Аукциската куќа во Париз продава пиштол за кој се претпоставува дека е пиштолот со кој се самоубил холандскиот сликар Винсент ван Гог. Револверот со калибар девет милиметри, што некои го опишуваат како најпознато оружје во светот, на 19 јуни ќе биде понудено на аукција.
Оружјето било пронајдено во 1960-тите години на поле во селото Овер сур Уаз, каде што се верува дека познатиот сликар извршил самоубиство. Ван Гог се застрелал во градите во 1890 година, но постојат и шпекулации дека тој не се самоубил, туку бил убиен.
Револверот, кој ќе биде понуден на аукција, беше изложен во Музејот на Ван Гог во Амстердам.
Текстот Се продава пиштолот со кој се самоуби Ван Гог е превземен од Reporter.mk.