Девојката на Роналдо откри како се запознале – „тоа беше љубов на прв поглед“

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, открива дека се заљубила во фудбалерот во љубов на прв поглед. Георгина вели дека се запознале со Роналдо во јуни 2016 година, во продавница за брендирана облека во трговски центар во Мадрид. Таа вели дека чувството било обострано.

Во интервјуто кое Георгина го дала за италијанскиот магазин Elle, вели дека Роналдо го запознала во „Гучи“, во продавницата каде што работела како продажен асистент.

„Неколку дена подоцна се видовме на друг настан, за друг бренд и тогаш почнавме да разговараме во поопуштена атмосфера, надвор од моето работно опкружување. Тоа беше љубов на прв поглед за двајцата“, вели Родригез.

25-годишната Родригез со Роналдо ја доби ќерката Алана Мартина, а истовремено ги гледа и неговите други деца, двегодишните близнаци Ева и Матеа и осумгодишниот син Кристијано Јуниор.

Георгина во интервју за шпанскиот магазин Hola, во февруари признала дека би сакала да стане сопруга на фудбалската ѕвезда, но ги отфрли шпекулациите  дека биле верени.  Нејзиното секојдневие таа вели дека го почнува со подготвување појадок, играње со децата пред ручек, а ги обожава и моментите кога треба да ги заспие.

Повремено оди и во фитнес-сала или спа-центар, а денот го завршува со гледање телевизија со Роналдо. Во интервјуто насловено „Мојот живот со Роналдо: Домот е таму каде што е семејството“, Ѓорѓина додала дека е најсреќна кога е дома, со своите деца и партнер.

„Нашиот дом е нашето засолниште, нашиот храм е изграден со многу љубов“, изјавила Ѓорѓина.

 

View this post on Instagram

 

Buen día 🧡 Vamos a quemar la tarta de anoche 🤟🏼 Beige outfit @aloyoga🌎

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Текстот Девојката на Роналдо откри како се запознале – „тоа беше љубов на прв поглед“ е превземен од Reporter.mk.