Саша Поповиќ обвинет за измама

Пејачката Елма Синановиќ го тужи Саша Поповиќ, директорот на „Гранд продукција“ за наводна измама и долг направен во 2000 година. Според српски „Пулсинфо“, таа тужбата против Поповиќ ја поднела уште во 2008 година но потоа ја повлекла. Сепак, пејачката решила да ја обнови тужбата, па Поповиќ ќе оди на суд.

„Третиот основен суд во Белград доби кривична пријава од Елма Синановиќ против Саша Поповуќ поради измама. Пејачката бара финансиска оштета и во 2011 година Поповиќ прифати да ѝ ја исплати сумата ако таа ја повлече тужбата. Откако Елма го направи тоа, Саша не го исполни неговиот дел од договорот, па затоа сега Селма повторно го тужи“, рекол близок пријател на пејачката за „Пулсинфо“.

Директорот на „Гранд“ засега јавно не ја коментирал тужбата за измама.

Текстот Саша Поповиќ обвинет за измама е превземен од Reporter.mk.