Чизкејк за почетници

Потребни состојки:

За кората:

150гр мелени бисквити
2 лажици мед
5 лажици млеко
180гр растопен путер

За бел фил:

500мл слатка павлака
450гр безмасно крем сирење
220гр шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 желатин

Прелив од овошје:

450гр шумски овошен микс
4 лажици шеќер
100мл вода
1 желатин

Начин на подготовка:
Во еден сад разматете 500мл слатка павлака, а во друг посебно разматете безмасно крем сирење, 220гр шеќер во прав и 1 ванилин шеќер. Потоа соединете ги двете смеси, матете со миксер, па додајте 1 желатин (желатинот прво треба да се остави со 50мл вода да набабри па потоа да се загрее за да се растопи – не смее да зоврие). Овој слој ставете го преку претходниот слој од бисквити. Згответе 450гр шумско овошје со 4 лажици шеќер и 100мл вода. Во тоа додајте 1 желатин и гответе уште неколку минути. Кога малку ќе се излади и згусне прелијте преку белиот слој. Готовиот колач оставете го во фрижидер да се излади, најдобро преку ноќ.

Текстот Чизкејк за почетници е превземен од Reporter.mk.