Холивудската актерка Фелисти Хофман и уште 12 богати родители признаа дека за виновни за давање мито за да ги запишат своите деца на колеџ, пренесува „Си-ен-ен“. Таа може да добие и до 20 години затвор, но поради признавањето на вината, нејзините адвокати ќе бараат што е можно пониска затворска казна, 20.000 долари и 12 месеци условна казна.
Во најголемата афера досега во врска со уписите на студенти на колеџ, освен популарната Линет Скаво од „Очајни домаќинки“ е вмешана и глумицата Лори Лафлин од серијатса „Полна куќа“. Тие подмитувале тренери во колеџот и луѓе од центарот за тестирање за да им помогнат на нивните деца да се запишат на најелитните колеџи во САД.
Хофман, според обвинувањето, уплатила 15.000 долари на лажна добровотворна организација поврзана со консултантот за прием за да овоможи тој да ги намести резултатите на приемните тестови на нејзината ќерка.
Актерката наведе дека ја прифаќа вината и ќе ги прифати последиците.
Лори Лафлин исто така е меѓу обвинетите. Обвинета е дека платила речиси 500 илјади долари за апарати и фиктивни профили на двете ќерки во тимот во веслање на престижен универзитет во Калифорнија, иако и двете никогаш не се занимавале со овој спорт. Таа не е меѓу оние што се прогласени за виновни.
Текстот На Линет Скаво ѝ се закануваат 20 години затвор е превземен од Reporter.mk.