Не можат да платат за возачки испит, во Франција 680.000 луѓе без дозвола

Во Франција 680.000 луѓе возат без возачка дозвола, а во повеќето случаи причината за тоа е цената за полагање, пренесува весникот Le Parisien и додава дека ваквиот број е двојно зголемен во последните десет години.

Повикувајќи се на службени податоци добиени од институциите, лицата кои возат без дозвола се околу 1,4%. 4,5% од тие луѓе без дозвола, се вклучени во сообраќајни несреќи со смртен исход.

Околу две третини од луѓето без возачка дозвола се оние кои не полагале испит, затоа што наводно немаат пари да платат за тестовите. Просечната цена за возачки испит е 1500 евра.

Една третина без возачка дозвола се оние на кои им е одземен документот поради прекршок. Весникот наведува дека загрижувачки е бројката на лицатa без дозвола, затоа што истата е удвоена во последните десет години и покрај драстичните казни.

Доколку возачот во текот на рутинската контрола е фатен без дозвола, паричната казна може да стигне до 15.000 евра. Возилото може да биде одземено на лице место, во случај возачот да не е сопственик на возилото.

Ако возачот без дозвола направил прекршок, казната може да биде уште поголема, до две години затвор или 30.000 евра, пренесува Le Parisien.

 

 

Текстот Не можат да платат за возачки испит, во Франција 680.000 луѓе без дозвола е превземен од Reporter.mk.