Според пишувањата на британските медиуми, принцот Вилијам ја изневерил неговата сопруга Кејт Мидлтон со нејзина пријателка Роуз Ханбури и тоа додека војвотката била во бремена состојба.
Доколку ваквите наводи се точни, во тој случај нивниот брак може да биде сериозно раздрман, сметаат блиски луѓе до кралското семејство.
Засега не е позната причината за прекин на пријателството меѓу Кејт и Роуз, но во јавноста се шират шпекулации дека принцот Вилијам е причината за тоа.
Весникот Touch Weekly пишува дека во јавноста се раширила инсинуацијата на Вилијам, кој сакал со сите сили да го спречи изнесувањето на деталите околу неговата врска со Роуз.
„Луѓето од кралското семејство ретко дозволуваат новинарите да шпекулираат за нив, но можам да кажам дека за Вилијам и Роуз се пишувани и многу полоши работи“, вели извор од кралската палата.
„Многу кралски набљудувачи шпекулираат дека нивните бурни реакции на одредени вести, може да значи само дека нешто се случува во нивната врска“, објаснува изворот.
Кога станува збор за измами, извори од Touch Weekly велат дека такво нешто не може да се крие вечно и дека е само прашање на време кога вистината ќе излезе на виделина. Други сметаат дека пријателството меѓу Кејт и Роуз завршило поради други проблеми.
Текстот Принцот Вилијам ја изневерувал Кејт Мидлтон е превземен од Reporter.mk.