Нова жртва на селфи, турист се удави во реката Нил

Турист од Саудиска Арабија загинал во обид да направи селфи на брегот на Нил во Уганда. Тамошните власти велат дека туристот додека се снимал, случајно се лизнал и се удавил во реката.

Неговото тело било пронајдено во вторникот на 10 километри од местото каде последен пат е виден.

„Обидувајќи се да направи селфи, туристот паднал во Нил и водата го однела“, изјавила портпаролката на полицијата во Уганда, Хелен Бутото.

Туристот бил со пријатели додека бил во обиколка на водопадот Калагала во централниот дел на Уганда, кога се случила несреќата во саботата.

„Земјата била влажна, а човекот чекорел наназад за да ја сними подобро реката во позадина. Следниот момент паднал во неа“, изјавила Бутото.

Во светот регистрирани се сè поголем број на несреќи кои настанале во обид да направат селфиња. Според студијата направена во 2018 година, Индискиот институт за медицинска наука, All India Institute of Medical Sciences, 259 лица загинале во светот од октомври во 2011 година, до ноември 2017 година, при обид да направат селфи.

 

 

Текстот Нова жртва на селфи, турист се удави во реката Нил е превземен од Reporter.mk.